Комично, но функционално: Инфлуенсерка покажа зошто капутот и чизмите се најважни во есен?
Знаеме дека на есен модата се состои од слоевитоста и луксузните материјатели и истата е поинспиративна отколку од онаа за топлите денови. Видеото на инфлуенсерката Ешли Брук уште еднаш ја потврди оваа теорија и тоа на еден многу духовит начин.
Видеото кое го има на нејзиниот Инстаграм профил веќе има повеќе од 22.000 лајкови, а во него Ешли шета низ Њујорк во многу гламурозно издание кое вклучува црн капут кој се врзува на половината, чизми со шпицест врв и класична црна мала чанта. Црните мачкести очила за сонце одат во комбинација со заштитната маска, што е новото нормално.
Меѓутоа, кога Ешли ќе стигне дома и ќе го соблече капутот, може да забележеме дека под тоа совршено издание на себе има тренерки кои со сокрила со долгите ракави, а ногавиците од долните дол ги има пикнато во чизмите. Комотно, но и совршено, зарем не?
Инаку, дури и најмоќната уредничка во светот на модата, Ана Винтор неколку пати истакна дека од голема важност, кога се трендовите во прашање, е секоја есен да имате беспрекорен капут и чизми, а останатото ќе се вклопи како стилска сложувалка.