Кон папараците е љубезна и покрај сѐ: Адисон Реј открива зошто тоа е така

Кон папараците е љубезна и покрај сѐ: Адисон Реј открива зошто тоа е така

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

И покрај тоа што таа и тие немаат ист поглед на светот, 20 - годишната ѕвезда истакна дека се труди да има почит кон нив...

Адисон Реј за време на новото гостување проговори за папараците и за односот кој го има со нив.

Покрај тоа што таа и тие немаат ист поглед на светот, младата 20 - годишна ѕвезда истакна дека се труди да има почит кон нив.

„Ги почитувам. Мислам, мора да сфатите дека тоа е работа која тие ја завршуваат - јас го сфатив тоа. Ги сфаќам, поради што поставив граници“ - рече таа.

„Со нив нема да разговарам за работи кои ми се непријатни. Доволно е што ги почитувам и што тие ме фотографираат мене“ - продолжи ТикТок ѕвездата, додавајќи дека не ѝ пречи кога ја фотографираат.


„Се согласувам дека треба да фотографираат. Тоа ми е дури и забавно, но мора да постојат граници, а прашање е - дали тие знаат каде се границите? Понекогаш не, и тоа морам да го прифатам и да сфатам дека не морам да комуницирам со нив тогаш кога не сакам“ - заклучи Адисон на крајот.

Инаку, ТикТок ѕвездата неодамна го започна снимањето на првиот филм, а пред неколку недели го објави и првиот сингл „Obsessed“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: