Конечно е откриено името на синот на Ријана: Еве по кој го доби името
Бебето наскоро ќе го прослави првиот роденден, а познатите родители неговото име досега го чуваа во тајност...
Ријана и АСАП Роки на својот син му го дадоа името RZA Athelston Mayers, пишува „Daily Mail“, кој поседува копија од изводот на родените.
Изгледа дека малото момче го добило името по продуцентот и рапер RZA, кој бил и фронтмен на американската хип-хоп група „Wu-Tang Clan“. Средното име и презимето ги добил од неговиот татко, бидејќи вистинското име на АСАП Роки е Раким Ателстон Мајерс.
Rihanna's baby son's Wu-Tang Clan-inspired name is FINALLY revealed after she kept fans guessing https://t.co/Q1M61MvceR pic.twitter.com/c6lYwcxTaA
— Daily Mail US (@DailyMail) May 10, 2023
Ријана дури неколку пати беше видена во облека со името на тој бенд, но никој не можеше да погоди што се крие зад сето тоа.
Пејачката се породи пред една година, на 13 мај 2022 година. Таа и нејзиниот партнер долго време го криеја своето бебе од очите на јавноста, а во декември пејачката го објави првото видое на ТикТок во кое на светот му го претстави својот син.
Ријана моментално ужива во втората бременост. Исто како и првиот пат, таа повторно е многу таинствена за полот на бебето и за тоа кога треба да се породи, со што својата приватност ја чува подалеку од љубопитните очи на јавноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм