Конечно проговори за врската со Том Холанд: Зендаја откри зошто се заљубила во него
Зендаја долго, многу долго криеше дека е во врска со својот колега Том Холанд, но и сега кога е откриено, таа и понатаму многу ретко зборува на таа тема. Сепак, во разговорот за магазинот „InStyle“, таа се реши да открие по нешто за момчето кое ѝ го освои срцето.
Зборувајќи зошто се заљубила во него, Зендаја кажа дека не постои само една причина.
„Има многу работи што ги ценам кај него. Кога станува збор за него како актер, го ценам тоа што тој навистина ужива во тоа да биде Спајдермен. Тоа е голем притисок - каде и да се свртите, сите ве гледаат како суперхерој. Секое дете кое ќе помине покрај вас мисли дека вие сте Спајдермен. Мислам дека тој добро се носи со тоа“.
Зендаја вели дека многу ѝ се допаднало и тоа колку тој е посветен.
„Многу е кул да се види колку му е важно на него тоа што прави да го прави на вистински начин. Го гледав како снима боречки сцени еден цел ден, што е навистина напорно. Прави потег, оди до мониторот, гледа како испаднало и вели: „Можам јас и подобро“. Јас сум во фазон дека се е ОК, но тој сака совршенство и јас тоа многу го ценам“.
фото: Screenshot/YouTube