Конечно се огласи: Кендал Џенер изреагира на критиките поради неприкладниот фустан кој го носеше на венчавката на својата другарка

Конечно се огласи: Кендал Џенер изреагира на критиките поради неприкладниот фустан кој го носеше на венчавката на својата другарка

Објавена во: Мода // Moj стил

Уште во ноември, Кендал Џенер го запали интернетот кога присуствуваше на венчавката на својата пријателка Лорен Перез во Мајами. За таа прилика, таа носеше ризичен, црн фустан, кој имаше отвори во облика на дијамант на градите. Потоа следуваа бројни критки, а сѐ досега, Кендал не се огласуваше. Погледнете што имаше да каже манекенката за својот „неприкладен“ фустан.

Во неколку видеа, Кендал заедно со својот фустан кој е тешко да се пропушти, предизвика критики на многу следбеници, вклучувајќи и еден кој искоментира: „Неприкладна облека за венчавка, срам ми е поради тебе“. Друг следбеник одговори на претходниот коментар, пишувајќи: „Доколку самата невеста нема проблем, зошто ти се грижиш, опушти се“, а со овој коментар се сложи и Лорен, додавајќи: „Кажи им! Изгледа прекрасно и мене ми се допадна“.

Потоа и самата Кендал се приклучи на оваа дискусија, одговарајќи ѝ на Лорен: „Очигледно е дека однапред побарав одобрение од тебе. Ние сакаме венчавка на плажа“. Покрај ријалити ѕвездата, на венчавката која беше одржана во ноември присуствуваа и Хејли Бибер, Бела Хадид, пејачката Џеси Џо Старк и инфлуенсерката Хана Бронфман.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: