Многумина ја осудија Кендал поради комбинацијата која ја носеше на венчавка: Изгледа како да сака внимание

Многумина ја осудија Кендал поради комбинацијата која ја носеше на венчавка: Изгледа како да сака внимание

Објавена во: Мода // Moj стил

Кендал доби многу негативни коментари поради комбинацијата која ја носеше на венчавката...

Сите во кланот Кардашијан - Џенер се позанти по разните скандали, чудните комбинации и односи, но токму поради тоа секогаш се во центарот на вниманието! Тука внимание очигледно сакаше и Кендал, кога на венчавката на една пријателка на која беше гостинка овој викенд, со својот моден избор крена голема прашина на социјалните мрежи.

Кендал Џенер со својот избро на фустан овој викенд, како гостинка на венчавка, ги подели бројните обожаватели. Имено, таа носела провокативен, црн фустан со бројни отвори од предната страна каде практично можеме да го видиме скоро целиот нејзин стомак и гради, бидејќи фустанот не прекрива многу.


Таа својата комбинација ја сподели на стори на Инстаграм во кратко видео во кое исто така се појавува Хејли Бибер. Меѓутоа, не се сите воодушевени од нејзиниот моден избор, а на Твитер дури пишуваат дека е една од оние „pick me“ девојки: „Изгледа како да сака многу внимание, всушност целото внимание. Сирота невеста“, „Таа е Кендал Џенер, што и да направи, добива внимание“ - се само некое од коментарите.

Многумина го искритикуваа нејзиниот фустан, бидејќи со него го привлекла целото внимание кон себе, па дури го украла и она на невестата, која би требало да биде во прв план. Но, сепак има луѓе кои сметаат дека нема ништо лошо во нејзиниот моден избор и дека сигурно немала никаква лоша намера, освен да изгледа убаво.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: