Конечно се знае судбината на популарната Нетфликс серија: Ќе има втора сезона „Emily in Paris“?
Првата сезона беше екстра популарна, иако добар дел од луѓето (Французите) ја „хејтаа“...
Сите други, освен Французите, беа воодушевени со оваа слатка и симпатична серија, а она што сигурно сите се прашуваат е дали ќе ја гледаат и понатаму Емили и нејзините авантури низ Париз или тоа е тоа. Нетфликс конечно откри која ќе биде судбината на серијата.
Иако серијата е полна со лоши предрасуди за Французите и тотално нереално покажува како изгледа животот во Париз, „Emily in Paris“ сите не освои со својот шарм. Симпатична е и кога еднаш ќе почнеш да ја гледаш, тешко дека ќе запреш додека не стигнеш до крајот. Многу луѓе се согласуваат со ова, бидејќи освен што е тренд на Нетфликс откако пристигна, сите зборуваат за неа, а девојките започнаа да носат црвени беретки повеќе отколку порано.
Она што се прашуваат сите на кои серијата им е супер е - дали ќе има втора сезона? Со оглед на тоа што Нетфликс во последно време ги откажа снимањата на многу серии поради короната, се постави прашањето што ќе биде со Емили. За цела среќа за тоа повеќе не мора да се прашуваме, бидејќи вчера од Нетфликс споделија среќни вести - пристигнува и втората сеозна! Што ќе се случува понатаму со нејзиниот љубовен живот, кој на крајот од првата сезона е тотален хаос - ќе мора да почекаме додека да излезе трејлерот.
Béret exciting news. Emily in Paris will return for season 2. Oui oui! https://t.co/3VqYwekFHx
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) November 11, 2020