Конечно учев нешто за себе: Ивона Јо ги промени студиите и веќе е пред дипломирање
Младата и талентирана пејачка Ивона Јовановиќ, изминатиот период беше во центарот на вниманието по намалувањето на вишокот килограми. Поради проблемот „eating desorder“ („промеблеми со храната“) таа имаше операција на желудникот, а по зафатот во интервју за Женски магазин раскажа детали од операција, но и очекувања по операцијата.
Прекумерната тежина полека, но сигурно за неа повеќе нема да биде проблем, а освен ова, таа деновиве има уште една убава работа што ѝ се случува во животот, која гордо ја сподели на својот профил на Инстаграм.
Имено, Ивона оваа година е апсолвент и веќе ги направи фотките за апсолвентското табло, а како што открива самата по промената на студиите животот ѝ се променил.
„Сакам да напишам збор два… но не знам од каде да почнам. Денов за мене значеше многу! После промената на студиите од стоматологија на нутриционизам мене животот ми се смени. Најбитно од сè ми беше што конечно учев нешто за себе. Нешто кое во пракса сега ми е повеќе од потребно. Конечно од тој период па наваму се слушам себе си. Имам уште за чекорење но…baby my graduation photos are here“ - напиша Ивона покрај фотографиите.