Контроверзни изјави на таткото на Хејли Бибер кои ќе ве остават без зборови: Зошто Стивен Болдвин би ја претепал својата ќерка?

Контроверзни изјави на таткото на Хејли Бибер кои ќе ве остават без зборови: Зошто Стивен Болдвин би ја претепал својата ќерка?

Објавена во: Совети // Семејство

Неговите бизарни изјави од минатото кружат на социјалните мрежи...

Хејли Бибер се справува со стереотипот дека е „непо-бебе“. Многумина ја обвинуваат дека сигурно ѝ било лесно да порасне во богато семејство, со татко и и чичковци кои веќе се дел шоубизнисот и со тоа сигурно ѝ го олесниле пробивањето во тој свет.

Но, можеби не е сè како што изгледа на прв поглед. На социјалните мрежи кружи видео од контроверзната изјава на нејзиниот татко Стивен Болдвин додека бил во „Големиот брат“. Преку разговор со колега од емисијата замислил хипотетичка ситуација што ќе се случи доколку некој дојде и впери пиштол во неговата ќерка.

@_danielleeloise #fyp #stephenbaldwin #haileybaldwin #cbbcthrowback #cbbuk #bigbrother #selenagomez #justinbieber original sound - SweetD

„Ако некој дојде со митралез и го впери кон ќерка ми и ја замоли да каже „кажи дека Исус не постои“, таа ќе речеше „Исус апсолутно постои“, а јас ќе ја видев на небото“ - кажа Стивен Болдвин што мисли за тоа како би се однесувала неговата ќерка Хејли во таква ситуација.

Но, тоа не е единствениот пат кога луѓето кренаа веѓи поради изјавите на Стивен Болдвин. Во интервју за „Гардијан“ во 2010 година, еден новинар го праша што би направил доколку едната од неговите ќерки му открие дека е лезбејка, а другата започне кариера како стриптизерка.

„Доколку моето дете почне да работи во стриптиз клуб, би го претепал“ - рече Стивен.

За хомосексуалноста посочи дека нема ништо против оние кои со својата вера ја отфрлаат хомосексуалноста и стапуваат во брак. Инаку, Стивен дури стана и свештеник и често на своите социјални мрежи многу страсно ги брани религијата и верата, а беше многу отворено активен и во политиката.

Имено, Стивен во 2016 година многу отворено ја изрази својата поддршка за Доналд Трамп, што создаде несогласувања меѓу него и Хејли. Хејли никогаш не се согласуваше со неговите политички убедувања, но посочи дека никогаш нема да дозволи политиката да биде причина за раздор меѓу неа и нејзиното семејство.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: