Контроверзното минато го следи како сенка: Што сѐ знаеме за момчето на Били Ајлиш?

Контроверзното минато го следи како сенка: Што сѐ знаеме за момчето на Били Ајлиш?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Со своите 19 години, Били Ајлиш веќе има 7 Греми награди. Моментално работи на новиот албум, со кој без сомнеж ќе продолжи да доминира на музичката сцена и ќе ги оправда сите оние признанија кои ги доби досега. Покрај сите тие обврски, има ли време за љубовни состаноци? Изгледа дека има.

Медиумите пишуваат дека новото момче на младата пејачка е Метју Тајлер Ворс. И додека пејачката и Метју се трудат работите да ги држат под велот на тајноста, некои информации - па и оние контроверзните - протекоа во јавноста.

Метју од Били е постар 10 години - има 29 години, што предизвика многу негативни коментари на Интернет. Иако Инстаграм профилот му е заклучен, од неговата биографија може да се заклучи дека живее во Лос Анџелес.

Сепак, списокот на филмови и серии во кои се појавува воопшто не е импресивна - во прашање се мали и епизодни улоги, кои ретко кој ги памети.

Никој не знае колку време се заедно со Били, но „Page Six“ ги фотографираше уште во април 2021 година, додека се галеа и пиеја кафе во Санта Барбара. Дека е во врска можеше да се претпостави и за време на снимањето на документарецот за Apple TV+, „Billie Eilish: The World's a Little Blurry“, во кој се гледа како разговара на телефон со „нејзината прва љубов“, веднаш откако освои Греми во 2020 година. Не е потврдено дека тоа е Метју.

Тој не е првото момче на Били. Во споменатиот документарец, откри дека била во врска со раперот Брендон Квинсин Адамс.

„Мислам дека не е фер да бдиете во врска во која ќе бидете возбудени поради работите кои вашиот парнер не го интересираат. Тоа не е фер ни кон вас, ни кон него“ - кажа таа и додаде дека поранешното момче не се сакал доволно ниту себе, а ниту неа.

Контроверзното минато на Метју

Откако старите хомофобични и расистички објави на Метју на социјалните мрежи се појавија во јавноста, актерот на 18 јуни се огласи и објави долго извинување.

„Сакам да се извинам поради работите кои во минатото сум ги напишал на социјалните мрежи“ - напиша. „Јазикот кој го користев беше неодговорен и сфаќам колку тие зборови се навредливи. Без оглед дали станува збор за текст, цитат или само за тоа дека јас сум глупав, не е важно“.

„Срам ми е и многу ми е жал што користев такви зборови, во било кој контекст. Не сум воспитуван така и не е она за што се заложувам. Воопшто не требаше да користам такви зборови и нема повторно да ги изговорам. Жал ми е. Преземам потполна одговорност“ - напиша.

Помеѓу останатото, ова е причината поради која Били одлучи да ја чува врската далеку од очите на јавноста.

„Жал ми е поради тоа што на луѓето им покажав и дел од некои поранешни врски. Се покајав поради тоа. Постојано мислам на луѓето кои јавно ги претставуваат партнерите, а потоа се разделиле со нив“ - кажа таа во едно интервју.

фото: PageSix

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: