Копија на својот татко: Ќерката на Михаел Шумахер го привлече вниманието на јавноста
Убавата Џина Марија професионално се занимава со јавање коњи, а често може да се слушнат коментари за тоа колку таа личи на својот татко, познатиот Михаел Шумахер.
Ќерката на легендарниот Михаел Шумахер, Џина Марија Шумахер неверојатно личи на својот познат татко, кој веќе неколку години се бори за својот живот. 23 - годишната Џина ги обожува коњите и со години професионално се занимава со јавање.
Многу обожаватели на нејзиниот татко редовно и порачуваат никогаш да ја тргне насмевката од своето лице и дека е копија на првакот во Формула 1.