Копија на татко му: Порасна синот на Зуица Лазова и Наум Петрески (ФОТО)
Познатата двојка од светот на музиката, пејачката Зуица Лазова и пејачот Наум Петрески, како плод на својата љубов ги добија ќерката Македонка и синот Стефан.
Македонка е студент на Факултетот за музичка уметност, каде студира соло пеење, додека Стефан е уште основно училиште. Во една прилика, Зуица откри дека и Стефан тргнал по нивните стапки и дека свири на гитара, но дека уште не знаат дали ќе ја избере музиката како идна професија.
Семејството вчеравечер присуствуваше на јубилејната 25-та Златна Бубамара на популарноста. Од фотографиите мора да признаеме дека Стефан повеќе не е мало момче, но и дека повеќе наликува на својот татко. Дури има и фризура слична на онаа која ја носи пејачот.
фото: Вангел Тануровски / Фејсбук