Корејци ја оставија без зборови Марија Шерифовиќ: Евровизиската „Молитва“ во ново руво

Корејци ја оставија без зборови Марија Шерифовиќ: Евровизиската „Молитва“ во ново руво

Објавена во: Живот // Живот

Ни вие нема да останете рамнодушни.... 

На музичкото натпреварување „Fantom Singer“ во Јужна Кореја во петокот можеше да се слушне песната со која Марија Шерифовиќ победи на Евровизија...

Во Јужна Кореја секој петок се емитува музичкото натпреварување „Fantom Singer“, кое е многу популарно во оваа земја.

Во последната епизода што се емитуваше, изненадување на вечера беше изведбата на групата Edel Reinklang, чии членови ја испеаја песната „Молитва“ на Марија Шерифовиќ.


Марија со оваа песна во 2007 година ја претставуваше Србија на Евровизија и во таа прилика на својата држава и ја донесе долгоочекуваната победа.

Како што Марија ја воодушеви Европа, така и момците кои ја изведоа нејзината песна ја воошевија неа.

„Драги колеги, ви честитам од дното на моето срце. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш ја имам слушнато. Ви посакувам сѐ најдобра во вашата идна кариера и натреварување. И се гледаме наскоро“ - напиша на стори на Инстаграм, на кое и ги означи момците кои ја испеаја нејзината песна.

По ова стори, следуваше и објава, која пејачката исто така ја посвети на оваа изведба:

„Па доколку сме искрени можам да поминам како петти член на групата од Јужна Кореја. Инаку сите видеа ми беа блокирани од Инстаграм, па ја користам оваа можност за да кажам дека тоа е нешто неверојатно.“




Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: