Корисниците на Интернетот беа во право: ЏоЏо Сива призна дека е геј
Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека 17 - годишната ѕвезда е геј и се во право...
ЏоЏо Сива претходните денови ја невести својата блискост кон ЛГБТ заедницата, а сега дојде моментот да ја открие својата определба. Младата ѕвезда на јавноста и се обрати преку Инстаграм Лајв, каде поопширно зборуваше на таа тема.
„Никогаш не сум се чувствувала толку среќна и навистина е одлично“ - рече таа, а пренесуваат Е! News. „Светот сега ја гледа оваа страна од мојот живот, што ме прави многу среќна. Сакам луѓето да знаат дека има многу љубов во светот и како такво е неверојатно“. Во изминатите неколку години, ѕвездите буквално измислија нови термини за да ја дефинираат својата сексуалност, па не е изненадување што ЏоЏо Сива не знае ниту што е.
На прашањето директно да објасни дали е геј, бисексуалка или нешто друго, таа одговори: „Размислував за тоа, а причината што не можам да ви одговорам е затоа што и јас не го знам одговорот. Мислам дека луѓето се одлични. Во моментов, јас сум само многу среќна и сакам сите да го видат тоа - но, исто така, сакам некои работи од мојот живот да ги зачувам за себе, додека не бидат подготвени за јавноста“.
ЏоЏo Сива исто така не сака да прави драма од сè и не се согласува со приказните дека дури и денес е опасно да откриете дека сте дел од ЛГБТ заедницата. „Знам дека на некои им е полесно, а на некои потешко да дознаат што се, и постои предрасуда дека е многу страшно да се направи тоа. Сепак, тоа веќе не е случај“.
ЏоЏо исто така вели дека е свесна дека нејзиниот љубовен живот не може да се смета за нормален, но дека тоа не и пречи. „Секако дека луѓето ќе речат дека не е нормално, но што е нормалност? Во ред е да се биде ненормален, во ред е да се биде малку поинаков ... Многу луѓе се плашат да бидат различни, и не треба да се плашиме од тоа. Мора да бидеме горди на тоа, и јас сум посреќна од кога било“.
Таа исто така посочи дека тоа што раскинала со своето момче нема никаква врска со оваа приказна, бидејќи и понатаму и се допаѓа момци. „Тинејџерите раскинуваат, тие не остануваат заедно засекогаш. Бев тинејџер, сè уште сум и среќна сум. Јас се чуствувам добро."
Посочи и дека ја има поддршката од нејзините родители, како и дека нејзината мајка знае дека девојките ја привлекуваат веќе две години!