Корисниците на ТикТок ги покажуваат своите промени во изгледот откако некој им го скршил срцето: Една девојка победи

Корисниците на ТикТок ги покажуваат своите промени во изгледот откако некој им го скршил срцето: Една девојка победи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Некогаш скршеното срце е мотивацијата која ни е потребна...

Откако едно момче брутално ѝ го скршило срцето, си кажала самата на себе дека е време за промена. И трансформацијата која следувала е неверојатна. Сигурни сме дека тоа момче сега нека жали за постапката.

Откако некој брутално ќе ни го скрши срцето, девојките најчесто прават некоја драстична промена околу својот физички изглед. Некои по долги години долга коса се одлучуваат да ја скратат, други ставаат тетоважа, а трети одат во теретана. На ТикТок, девојките почнаа да ги споделуваат своите трансформации по онаа разделба која ги уништила, и од сите, оваа девојка е онаа која „победи“. Нејзината трансформација луѓето ги остави без зборови. Сите се согласуваат дека тоа е најдобрата промена по скршено срце која ја виделе.

@millanef

I really said : let’s change my whole appearance

original sound -

Некој изгледа многу лошо ја повредил. Секако дека се јавија поединци кои ја обвинија дека одела на пластични операции, но и самата одговорила дека во прашање е аголот на снимање, шминката, губењето на тежината, растењето и осветлувањето. Значи, ништо не може да те сопре за и ти да ја започнеш својата голема промена и на тој начин да се фокусираш на нешто друго, а не на ликот кој ти го скршил срцето и кој не те заслужува. 

Голем дел во коментарите под видеото се шегуваат дека изгледа би било добро и на нив некој да им го скрши срцето, па да доживеат ваква промена. Иако реално можеш на себе да почнеш да работиш и сега, ваквите ситуации, како скршеното срце, не поттикнуваат и ни ја даваат онаа мотивација која инаку ја немаме. Изгледа дека оваа девојка ја добила и тоа во голема мера.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: