Користите туѓа лозинка за Нетфликс и не живеете заедно? Не за долго...
Тие почнаа да испраќаат пораки до корисниците во кои порачуваат: „Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“.
Иако е општо познато дека скоро сите гледаме Нетфликс, но и други стриминг услуги, така што споделуваме лозинки со пријателите и семејството, но Нетфликс сега сака да стави крај на тоа, пренесува 24сата.
NEW: Netflix is currently testing a security feature that will block users who don’t live in the same home as the account owner from accessing a shared account
— Catalin Cimpanu (@campuscodi) March 11, 2021
Netflix hopes this feature will stymie the hacked Netflix account markethttps://t.co/PNOjXfWkaB pic.twitter.com/oVlrbKW6Wh
Идејата на овој стриминг сервис е дека можеме да користиме повеќе сметки на еден профил, така што сите членови на домаќинството можат да гледаат што сакаат. Но, ова се злоупотребува, па Нетфликс започна да испраќа пораки до корисниците во кои се вели дека ако не живеат со оној чија сметка е, треба да направат свои.
„Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“ - се вели во пораката. Ако сакаат да го потврдат пристапот до сметката, мора да го внесат кодот што им стигнува на е-пошта или мобилниот телефон.
Иако сè уште не е познато дали тие навистина ќе започнат да ја применуваат оваа практика, бидејќи сè уште е во фаза на тестирање, тие го дизајнираа ова за да осигурат дека оние што користат сметка на Нетфликс се овластени да го прават тоа.
Како ви се допаѓа оваа идеја?