Коронавирусот прави хаос во Германија: Власта најавува уште поостри мерки

Коронавирусот прави хаос во Германија: Власта најавува уште поостри мерки

Објавена во: Живот // Живот

Германија порано воведе нови мерки, но бројот на заразени никако не се намалува...

Германската федерална влада и нејзините држави размислуваат за нови рестриктивни мерки против коронавирусот за запирање на скокот на заболени пациенти во земјата, со цел „драстично намалување на бројот на луѓе кое може да се во еден дом“, а студентите ќе мораат задолжително да носат маски, пренесува Ројтерс.

Во документот, кој беше прегледан од новинската агенција Ројтерс, се вели дека на населението ќе му се каже да се воздржи од приватни забави до Божиќ.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски покраини треба да се состанат денес и да разговараат за новите мерки.

Германија ги заостри мерките овој месец - рестораните и кафулињата се затворени, но училиштата и продавниците засега се отворени.

Како резултат, бројот на пациенти веќе не расте експоненцијално, но не се намалува, пренесува Танјуг.

„Потребни се понатамошни напори. Ни претстојат четири тешки месеци, пред да завршат сезонските ефекти и да започне вакцинацијата, за да можеме постепено да ја поминеме евакуацијата“ - се вели во документот.

Според новите предлози, само две лица од една куќа ќе можат да дојдат во друга куќа, додека сите ученици ќе мора да носат маски, па дури и ученици од основните училишта.

Ќе има двојно помалку ученици на часовите, со цел да се овозможи простор помеѓу две лица, а луѓето кои припаѓаат на најранливиот дел од населението ќе мора да носат една од најдобрите заштитни маски FFP2.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: