Кортни ги воодушеви Балканците: Кардашијанката со ќерката и партнерот танцуваше на хит песна од овие простори
Моментално оваа песна е тренд во светот...
Од некоја причина, која на никој не му е јасна, на ТикТок моментално е тренд една песна од Балканот и тоа не само во регионот, туку во целиот свет. Американците не престануваат да снимаат видеа со таа песна во позадина.
А, не можеа да ѝ оддолеат ниту Кардашијанс. До неодамна не беа активни на ТикТок, но во последно време, сестрите направија заеднички профили, секоја со своите деца и тука објавуваат видеа. Така свој профил имаат и Кортни и Пенелопе. Видеото кое го објавија пред 3 дена особено стана популарно на Балканот, бдиејќи и Кардашијанките се приклучија во трендот да танцуваат на балканската песна која моментално е тренд на ТикТок. Станува збор за песната „Хелихоптер“ од босанско-херцеговскиот фолк пејач Фазлија.
@pandkourt Helikopter - Fazlija
Иако станува збор за песна стара 5 години, моментално е апсолутен хит во светот. Луѓе од сите краеви снимаат видеа со неа во позадина. Пенелопе успеа да ги наговори и Кортни и Тревис да ѝ се придружат. Во коментари се јавија луѓе од Балканот кои се воодушевени, но шоуто сепак го украдоа Тревис и Кортни.
На никој не му е јасно зашто на крајот почнуваат да се гушкаат и бакнуваат, како никогаш да не можат да ги тргнат рацете еден од друг, а некои и забележаа и дека нивните движења се како да се Симс од популарната игра.