Кортни Кардашијан има ново момче: Дефитивно не е некој со кој може да ја замислите
Наводно се во врска веќе неколку месеци...
Кортни Кардашијан не е од сестрите за чиј љубовен живот премногу се зборува. Не се гледа премногу често со некој нов, ниту изгледа дека бара љубов, туку дека е фокусирана на некои други работи во животот. Но, сега се шпекулира дека таа е во врска со некој со кого никогаш не би можеле да ја замислите.
За разлика од Кајли или Ким чии љубовни животи честопати се во преден план, со Кортни тоа не е така. Таа беше во врска со Скот Дисик со години и има три деца со него, а по раскинувањето со него имаше друга врска, но се чини дека сега по соло периодот, Кортни е повторно подготвена за љубов. Извори блиски до Кортни откриваат дека таа се гледа со некој нов веќе неколку месеци, рокер со кој никогаш не би ја замислиле. Наводно станува збор за Тревис Баркер, тапанар на групата Blink - 182.
Тетоважите по целото тело, вклучувајќи го и лицето, алтернативениот стил, во никој случај не е некој со кој некогаш би ја споиле Кортни. Сепак, извор близок до двојката открива дека нивната романса трае веќе неколку месеци, но дека тие се пријатели веќе подолго време. На Тревис, Кортни му се допаѓала веќе некое време и изгледа дека конечно успеал да ја придобие. Папараците ги уловија заедно неколку пати претходно, но тие секогаш ги демантираа гласините за каква било романтична врска. Барем така беше досега.