Косата „самовила“ е новиот тренд кој мора да го знаеш: Изгледа исто како и неговото име

Косата „самовила“ е новиот тренд кој мора да го знаеш: Изгледа исто како и неговото име

Објавена во: Мода // Moj стил

Ако сакаш да се чувствуваш есктра секој ден, ова е трендот кој ќе те воодушеви...

Косата „самовила“ стана новиот тренд и не, не е нешто што ќе изгледа чудно или нападно, туку елегантно и гламурозно е решение поради кое твојата коса секој ден ќе сјае. Станува збор за екстензии кои не се обични екстензии како што се ставаат кога некој сака подолга или погуста коса, туку се сјајни и се додаваат за да ја зачинат твојата фризура.

@_maermaer

My hair tinsel after the shower #hairtinsel #fairyhair #SoundcoreGoForGold #fyp

gojo supremacy - я жду

Многу девојки почнаа да ги нарачуваат од интернет и да ги ставаат во косата секој ден, а за оние на кои им се навистина кул и сакаат долготраен ефект, постои опција и ставање на трајни. Се ставаат во салоните и се слични како екстензиите, може да се влажнат, мијат со шампон, да се сушат со фен, да се пеглаат... се третираат како и природната коса. За нив сè објасни Маер, која веќе ги има некое време.

@_maermaer

ALL ABOUT MY FAIRY HAIR #hairtinsel #AEJeansHaveFun #KeepItRealMeals #fyp

original sound - Maer

Единствената проблематична работа е тоа што мораш да бидеш внимателна на коренот на косата додека ја чешлаш и да не го влечеш чешелот како манијак, што и вообичаено не е добро да се прави. Ова ќе ти издржи околу еден месец, а некогаш и подолго, сè зависи од тоа колку е некој внимателен.

@lzyleanz

#shinny #hair #hairtinsel #bluehair #fyp

original sound  -

Инаку, ова не е ништо ново, ниту револуционерно, постои веќе со години, но сега дури дојде во центарот на вниманието, кое и го заслужува. Со ваква фризура без сомнеж ќе изгледаш екстра секој ден.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: