Костал Македонија преку партнерски однос со Кроација осигурување поставува нови стандарди на осигурителниот пазар и создава добри практики во управувањето со човечките ресурси
Сите вработени во компанијата КОСТАЛ Македонија ќе бидат уште две години здравствено осигурени во Кроација осигурување. Договорот е обновен како резултат на одличната соработка во изминатата година и докажаната доверба меѓу двете компании. Се работи за еден од најголемите договори од ваков тип склучен во државата и дава пример за грижата на една компанија кон своите вработени.
КОСТАЛ Македонија е единствен работодавач во државата, кој, покрај за вработените, склучи и договор за осигурување за сите деца на вработените до навршени 18 години. Покрај тоа, обезбедена е и широка здравствена заштита за вработените со вклучено болничко лекување поради ковид-19, а Кроација има обезбедено и дополнителни поволности во поглед на производите што ги нуди за сите вработени во КОСТАЛ.
„Продолжувањето на договорот уште на две години ја зацврстува високата позиција на нашата компанија на листата кредибилни и доверливи партнери за осигурување. Презадоволни сме од досегашната соработка со КОСТАЛ, а обновениот договор истовремено покажува дека стандардите што ги поставуваме се вистински избор за клиентите, а довербата што ја добиваме е поттик само да бидеме подобри во нашата работа”, истакна Александар Манев, Генерален директор на Кроација осигурување-неживот.
КОСТАЛ Македонија е германска инвестиција во земјава и со обновувањето на овој договор, преку партнерски однос со Кроација осигурување- неживот поставува нови стандарди на осигурителниот пазар, посебно во делот на доброволното здравствено осигурување. Продолжената соработка со Кроација, од КОСТАЛ Македонија ја објаснуваат со одличниот пристап кон приватното здравствено осигурување, лесно достапната услуга за вработените зад кој пристап стои сопствен Контакт-центар, како и широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги што имаат договорен однос со Кроација.
Генералниот директор на КОСТАЛ Македонија, Виктор Мизо, го истакна задоволството од продолжувањето на соработката со Кроација за доброволно здравствено осигурување на сите вработени во компанијата. Според него, здравјето и благосостојбата на вработените е приоритет, а со обнова на договорот се демонстрира дека токму вработените се во центарот на сите активности на Компанијата.