Крадци упаднале во куќата на Камила Кабело, таа решила да ја продаде!

Крадци упаднале во куќата на Камила Кабело, таа решила да ја продаде!

Објавена во: Совети // Семејство

Камила Кабело купила куќа во Холивуд Хилс пред само две години, но веќе решила да се ослободи од неа! 
Тоа доаѓа само половина година откако крадци упаднаа во неа и го украдоа автомобилот на нејзиното момче Шон Мендез.

Патем, Камила живееше со Шон во оваа куќа за која плати 3,4 милиони долари. Меѓутоа, таа сега од новиот сопственик бара четири милиони. Ова е огромна куќа изградена пред 50 години, а на Камила многу ѝ се допаднало што е направена во шпански стил, пренесува The Real Deal.


    Инаку, поскапувањето го оправдала со многу вложување во овој објект, а една спална соба ја претворила во музичко студио, додека нешто слично направила и со гаражата! Покрај тоа, поставила модерни аларми, но тоа очигледно не било доволно! Грабежите во овој дел на Лос Анџелес се вообичаена појава, а во 2019 година полицијата го уапси целиот тим кој ги ограби домовите на Ријана, раперот Чиф Киф и спортистот Роберт Вудс.

    извор: Famoza.net 


    Објавена во: Совети // Семејство

    Можеби ќе ве интересира: