Кралицата има над 1.000 слуги, но еднаш годишно сака една работа да прави сама

Кралицата има над 1.000 слуги, но еднаш годишно сака една работа да прави сама

Објавена во: Живот // Живот

Иако е кралица во текот на своето владеење вработи повеќе од 1.000 слуги кои ѝ помагаат скоро во сѐ, а нејзиниот поранешен помошник Пол Барел во својот поткаст откри дека има една активност која сепак сака да ја завршува сама.

Секоја година кралицата со семејството оди на имотот Балморал во Шкотска, каде летуваат, а тогаш често бара сама да ги измиее садовите по оброкот.

„Сака да оди на пикник, а храната ѝ ја подготвуваме ние, но затоа сака сама да ги измие садовите. Става гумени ракавици и спретно ги мие, додека помошничката ги брише со сува крпа“ - рече Барел.

Додаде и дека кралицата има специфичен план на исхрана и дека јаде само мали оброци во денот.

„Не јаде божиќна вечера како голем број од нас, кои ги преполнуваме чиниите“ - призна.

Барел за кралицата започнал да работи уште на 18 години, а во 1987 година станал личен слуга на принцезата Дајана, сѐ до нејзината трагична смрт.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: