Кралското семејство му го честиташе вториот роденден на Арчи: Овој пат без нови фотки од малиот славнеик
Британското кралско семејство испрати пораки по повод вториот роденден на Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл, кои порано оваа година станаа извор на една од најголемите кризи во кралското семејство во последните децении.
Арчи Маунтбатен Виндзор, седмиот во ред за наследството на британскиот трон, роден е во болница во Портланд во Лондон на 6 мај 2019 година, а сега живее во САД, откако неговите родители минатата година ја напуштија Велика Британија и се откажаа од кралските должности.
„На Арчи Маунтбатен Виндзор му посакувам среќен втори роденден“ - беше објавено на профилот на Твитер на кралицата Елизабета Втора, а слични пораки упатија и дедо му на Арчи, принцот Чарлс, како и неговиот чичко и стрина, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пренесува „Ројтерс“.
Wishing Archie Mountbatten-Windsor a very happy 2nd birthday today.
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 6, 2021
Dominic Lipinski / PA Images pic.twitter.com/dLssyrVSor
Иако сме навикнати кралското семејство за родендените на нивните членови да објавуваат нови фотографии, особено од децата кои јавноста нема можност често да ги гледа, оваа година новите фотографии од Арчи изостаа.
На профилот на кралицата Елизабета објавена е неговата прва заедничка фотографија по неговото раѓање на која е во рацете на своите родители. Од друга страна, Вилијам и Кејт се одлучија за заедничкиот портрет на најблиските членови на семејството, кој е направен за време на крштевањето на Арчи. Принцот Чарлс за роденден на својот најмлад внук упати честитка со фотографија на која е заедно со Хари и Арчи.
Сето ова ги подгреа сомнежите дека, иако по погребот на Филип се гледаше крајот на конфликтот помеѓу Хари и Меган и останатите члено, тоа сепак нема наскоро да се случи.
Wishing Archie a very happy 2nd birthday today.
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 6, 2021
Chris Allerton pic.twitter.com/7XMXIKs1Qv
Арчи стана една од причините за влошување на односите помеѓу Хари и кралицата, откако Меган, чија мајка е црна, во интервјуто за Опра Винфри изјави дека неименуван член од кралското семејство прашал каква би можела да биде бојата на кожата на бебето.
Вилијам по тој повод негираше дека Виндзорови се расисти, додека кралицата издаде соопштение во кое е наведено дека прашањата за расата се загрижувачки, но дека „одредени спомени може да варираат“.
Happy birthday to Archie, who turns two today.
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) May 6, 2021
Chris Allerton pic.twitter.com/HwvTBzphJu
Меган која го очекува своето второ дете, порано оваа недела кажа дека Арчи и Хари се инспирација за нејзината нова книга, која ќе биде објавена следниот месец.