Кралското семејството е загрижено поради новата сезона на „The Crown“: На удар е новиот крал
Објавувањето на новата, петта сезона на серијата „The Crown“ на Нетфликс е најавено за почетокот на ноември оваа година, а британското кралско семејство е загрижено поради тоа, бидејќи смета дека тоа ќе му наштети на угледот на новиот крал.
Сценариото на петтата сезона се одвива во период од 1990 година до 1996 година, период кој беше најтурбулентен за кралското семејство. Но, освен сите драматични настани кои се случиле тогаш, голем фокус ќе биде ставен на крајот на бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс.
Во новата сезона ќе биде прикажано интервјуто во кое Чарлс јавно признава дека ја изневерил принцезата Дајана, но и познатото интервју на принцезата Дајана во кое има изнесено многу факти за својот брак со принцот.
Со оглед на тоа што Чарлс сега е крал, се огласи и Бакингемската палата, која смета дека Нетфликс премногу ќе ја издраматизира „војната“ помеѓу него и Дајана, па со сите сили сака да ја заштити неговата репутација, пишува „Teen Vogue“.
Продукцијата на серијата одлучи да ја игнорира Бакингемската палата, со оглед на тоа што целата сезона е снимена пред смртта на кралицата Елизабета Втора, односно пред Чарлс да стане крал, а потоа не беше толку важно како точно ќе биде прикажан тој.
Но, без оглед на тоа што е одлучено дека новата сезона ќе излезе за нешто повеќе од еден месец и дека беше пуштен првиот тизер за неа, тој тизер исчезна од сите официјални социјални мрежи и Јутјуб каналот на оваа серија.
Изгледа дека „драмата“ со кралското семејство добила малку поголеми размери, па сега ни преостанува само да го чекаме објавувањето на новата сезона и да видиме кој дел од нивните животи ќе биде прикажан и како.
фото: Принтскрин / Инстаграм