Креаторите на „Пријатели“ направиле грешка? Зошто луѓето жалат поради пропадната врска на Џои и Рејчел?
Овој „заплет“ уште за време на прикажувањето на познатата серија направи бум и ретки беа оние кои „навиваа“ за оваа романса, но со текот на времето се случи пресврт...
Вечерта кога беше закажано прикажувањето на долгоочекуваниот специјал „Friends: The Reunion“, попознат и како „The one where they get back together“ - по примерот на називот на познатиот серијал од крајот на 90 - тите, се појави и краток осврт на едно и понатаму помалку популарно мислење. Во прашање е ставот дека Рејчел Грин (Џенифер Анистон) требало да заврши со Џои Трибијани (Мек Лебланк), а не со Рос Гелер (Дејвид Швимер), како и зошто со текот на времето се смени мислењето на луѓето.
Кога во серијата се случи овој „заплет“, истиот не беше добро прифатен. Помеѓу останатото, се сметаше за голема пречка на патот кон смирувањето меѓу Рејчел и Рос, чии обожаватели ги следеа од почетокот. Меѓутоа, по многу години, фиктивната двојка доби цела армина обожаватели кои веруваа дека пропаѓањето на нивната љубов е голема грешка на креаторите на „Пријатели“, затоа што „не им дозволиле да успеат“. И покрај изјавите на главните актери „дека и на нив тоа им било премногу“, озлогласениот сегмент од одреден број обожаватели ставил „сол на рана“, пренесуваат тамошните медиуми.
„И понатаму сум лута што Рејчел се врати. Што излезе од авионот и ја отфрли работата во Париз не само поради маж, туку поради маж кој е Рос. Дали ние на ова треба да гледаме како на романтичен момент и да „навиваме“ за нив? Факт, гледавме, но еве 17 - та година по ред како сум лута поради тоа. Бидејќи, таа требаше да биде со Џои“ - пишуваше за „E!News“ Лорен Пистер, пред сè поголемиот број на обожавтели со кои го дели мислењето.
„Пријатели“, патем, во голема мера го следат развојниот пат на Рејчел Грин. Таа се придружи на веќе „добро коордираниот тим“ како невеста која бега од венчавка, па бараше работа, стан, па се заљуби, се бореше за себе, стана мајка... За на крајот да го „пронајде оној вистинскиот, кој цело време беше пред нејзиниот нос“. Дотогаш, таа неколку пати ја почнуваше и прекинуваше врската со Рос, кој, како што велат, „никогаш немал ни најмал интерес за модата, кој бунтуваше за нејзините успеси, а поради која на крајот се откажа од својот пат и работа во Париз“. Често ја исмејуваше, мислеше дека прави нешто „што нема никаква смисла“ и плус, во првите 24 часа од нивната позната пауза - најде друга. Затоа има повеќе такви кои сметаат дека Џои е всушност „принцот на бел коњ“ на Рејчел.
За Џои нејзината работа не беше за потсмев. Тој го прифаќаше тоа како нејзин избор, повик и се радуваше на сите нејзини успеси. Од друга страна, таа како голем обожавател на серии, го сметаше за вистинска ѕвезда и го поддржуваше во секој нов чекор во кариерата. Совршено функционираа како цимери, понатаму нагласува Лорен, а и тој долго беше воодушевен од неа и молчеше за тоа, за да не ја измачува впечатокот дека „му должи нешто“.
„Се сеќавам, наутро те гледав додека не беше нашминката, а сè за што размислував беше: „Боже, колку е убава“. Ме болеше тоа. Бидејќи, знаев дека не смеам да ти го кажам тоа. Но, вредеше и само да те гледам“ - ѝ призна тој во една прилика.
Оваа реплика остана врежана кај многумина и му се воодушевуваа на Џои, поради начинот на кој ги гледа работите.
Но, Рос многу лошо ја поднесе нивната врска, а тие двајца „сфатија дека сепак подобро функционираат како пријатели и дека целата нивна љубов е всушност само на тоа ниво“.
„Дури и да не останаа засекогаш заедно, никогаш да не се венчаа, само да им беше дадена вистинска шанса... Сигурна сум дека Џои би бил подобар маж за неа. Тој најверојатно би заминал со неа во Париз и со гордост би ја следал додека таа понатаму деловна се развива. Можеби само ќе ја испратеше на најубавиот можен начин, надевајќи се и самиот дека сите свои соништа ќе ги оствари таму. Едноставно, тој не е Рос“ - заклучи Лорен на крајот.
фото: Profimedia