Крис Џенер е маѓепсана од внуката Чикаго: Четвртиот роденден ѝ го честиташе со емотивна порака
Крис Џенер често објавува слатки пораки за да ги одбележи родендените на членовите од своето семејство на социјалните мрежи. Во сабота на Инстаграм со пријателите сподели емотивна порака за својата внука Чикаго Вест.
Малечката Чикаго наполни четири години, а Крис по тој повод напиша: „Среќен роденден на мојата прекрасна внука Чикаго! Го имаш најслаткиот дух и секогаш имаш најслатка мала насмевка на лцието со најмек глас, а твојата драгоцена насмевка свети каде и да си!“
За дополнително да ја одбележи оваа пригода, Крис сподели неколку фотографии на кои е со саканата внука.
Чикаго е една од десетте внуци на Крис. Таа исто така е баба на Псалм (2), Тру (3), Сторми (3), Дрим (5), Сент (6), Рејн (7), Норт (8), Пенелопе (9) и Мејсон (12). Наскоро ќе стане баба и по 11-ти пат, кога нејзината ќерка Кајли Џенер ќе го роди своето второ дете.
фото: Инстаграм