Кристијан е момче со Даунов синдром кое сите го избегнуваат: Мајка му одлучила да им плати на децата за да се дружат со него
Многу луѓе ја осудија оваа мајка и посочија дека „го продава своето дете“...
Кристијан Боверс (24) е роден со Даунов синдром, а неговата мајка од првиот ден правела сѐ за нејзиниот син да се чувствува поинаку од другите деца.
Според зборовите на неговата мајка Дона, Кристијан секогаш бил насмеано дете кое и ден-денес константно се труди луѓето околу него да се чувствуваат добро.
Меѓутоа, и покрај тоа што тој е дружељубив и пријателски настроен, децата од неговото опкружување кон него не се.
Неговата мајка се присетува дека често ја прашувал „Кога ќе ми дојдат пријатели?“, а таа, за жал, немала одговор.
„За викендите ги гледаше своите постари сестри како одат да спијат на пријателите, а тој остануваше дома и седеше сам“ - вели Дона.
Очајна, неговата мајка одлучила да ги преземе работите во свои раце.
Дона и нејзиниот сопруг добиле идеја на социјалната мрежа Фејсбук да објават статус во кој ќе понудат пари на личноста која ќе сака да помине време со Кристијан.
„Барам момче, помеѓу 20-28 години, кое сака дополнително да заработи. Два дена во месецот по два часа, ќе ти плаќам за да бидеш пријател со мојот син. Сѐ што треба да направиш е да седиш со него во неговата соба и да играш игри. Ништо повеќе. Има 24 години и Даунов синдром и нема пријатели на свои години“ - напиша Дона.
Како што вели, немала никакви очекувања кога ја споделила оваа објава, но само еден ден подоцна била изненадена од пораките кои ги добила.
„Многумина ми кажаа дека ќе се дружат со Кристијан и дека не бараат пари за тоа. Почнаа да доаѓаат, а неговата насмевка зборуваше повеќе од илјада зборови“ - вели мајката.
Иако Кристијан сега е среќен и опкружен со нови пријатели, многумина ја осудија мајката и кажаа дека „го продала своето дете“.
„Освен ако немате дете со посебни потреби, нема да ја разберете болката низ која тоа поминува секој ден“ - порача Дона, а пренсува „Brightside“.
фото: Принтскрин / Фејсбук