Кристина беше најубавата девојка на светот: Како изгледа денес најмладиот супермодел во историјата? (ФОТО)
Кристина Пименова на само 5 години беше проглсена за најубаво девојче на светот...
Многумина ја прогласија за „најубаво“ девојче на светот, а беше и најмлад супермодел, кога на само 5 години нејзиното лице се појави на насловните страници и во кампањите на многу брендови.
Штом научило добро да оди, девојчето го запишале да тренира гимнастика, а пред 4-от роденден, нејзината мајка ги испратила нејзините фотографии во агенциите за модели и набрзо девојчето почнало да позира во кампањи посветени на новите модни колекции за деца. Потоа нејзините фотографии беа прикажани низ 10-тина меѓународни медиуми.
Набрзо потоа, почна да снима за големите брендови и доби понуди за соработка од големи агенции за модели во Америка.
Сега, Кристина има 17 години. Повеќе од 7 години живее во Калифорнија заедно со својата мајка, и продолжува да ја развива својата кариера како модел. Има скоро 3 милиони следбеници на Инстаграм, а повремено глуми и во филмови, но досега немала некои големи улоги.
За разлика од повеќето тинејџери, Кристина не ескпериментира со својот изглед. Девојката праткично не користи козметика и не ја фарба косата.
фото: Принтскрин / Инстаграм