„Крокс“ или ви се допаѓаат или не: Сега доаѓаат и во форма на високи потпетици со потпис на Баленсијага

„Крокс“ или ви се допаѓаат или не: Сега доаѓаат и во форма на високи потпетици со потпис на Баленсијага

Објавена во: Мода // Moj стил

Фото насловна:  Твитер/Shutterstock

Не сме сигурни каде точно може да се носи овој „крокс“ модел, но се надеваме дека нема да стане популарен

Кога некој познат луксузен дизајнер, како во овој случај Баленсијага, ќе направи нов модел на производот, што секако повеќето не можат да си го дозволат, почнуваат да се прават копии од него во поевтина верзија - затоа што сите почнуваат да го сакаат.

Само затоа што познат дизајнер направил нешто, не значи дека е секогаш добро, но луѓето сепак лудуваат за тоа. Бидејќи тоа е, на пример, Баленсијага. Кога се појавија влечки/сандали Крокс во 2002 година, сите ги мразеа. Многу малку луѓе сакаа да ги носат. Но, тогаш, како одминуваа годините, тие успеаја да освојат сè повеќе луѓе. И покрај тоа што не изгледаат најдобро, тие се пријатни. Но, дали би им било пријатно кога би биле како високи потпетици? Сепак, сите девојки многу добро знаат дека потпетиците не се најудобните чевли што можете да ги носите и не е лесно да се шетате по нив.

Можеби „Крокс“ на високи потпетици ќе бидат поинакви! Баленсијага и Крокс објавија дека соработуваат за модна колекција за пролетта 2022 година. Ги претставуваат: „Крокс“ високи потпетици.


И тие изгледаат точно како што би замислиле дека ќе изгледаат. Тие ќе бидат достапни во различни бои, од обична црна што можете да ги комбинирате со сè, до оние забележителни бои како светло зелена. Луѓето се збунети и не можат да им веруваат на своите очи.


Но, изгледот не е најдобриот дел од сè, цената е онаа што сè друго згази. Ќе чинат 850 американски долари(што е околу 45.000 денари). Не секој ќе може да си го дозволи овој моден новитет, но поевтини верзии на други брендови сигурно ќе се појават на пазарот.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: