Круна на 25-годишното работење: АНПО „Скопје“ со Гала концерт ќе прослави четвртина век постоење

Круна на 25-годишното работење: АНПО „Скопје“ со Гала концерт ќе прослави четвртина век постоење

Објавена во: Совети // School zone

Ансамблот за народни песни и ора „Скопје“ со Гала концерт на 26 декември (недела) ќе го прослави јубилејот од 25 години постоње. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

„Во изминативе 25 години имаме приредено над 1.300 концерти во Скопје, повеќе места во нашта држава, како и на многу сцени надвор од границите на нашата држава. Во 20 држави во Европа и Азија имаме освоено повеќе награди, дипломи и признанија.“ - велат од ансамблот, кој брои околу 320 члена.

Низ годините работеле со многу млади луѓе на кои им ја пренеле љубовта кон народните песни и ора. Исто така, голем акцент и денес ставаат на традицијата и вистинските вредности во животот.

На репертоарот имаат околу 20 кореографии, а негуваат и многу изворни ора и обичаи.

На јубилејниот концерт, како што ни откриваат од ансамблот ветераните, но и младинците ќе изведат сценски поставки и кореографски творби, како што се: Игрите од Преспа, Пијанец, На мегдан, Пиринско пролетно цвеќе и Малешевска.

Концертот ќе го води водителката Ели Танаскова, додека за музичкиот забавен блок ќе бидат задолжение Зуица Лазова и Наум Петрески.

Важно е да се напомене дека концерот ќе биде организиран според сите важечки ковид протоколи.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: