Крушата под круша паѓа: Синот на Шварценегер ужива кога е во теретана

Крушата под круша паѓа: Синот на Шварценегер ужива кога е во теретана

Објавена во: Совети // Семејство

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баен, исто како татко му се занимава со бодибилдинг, а обожавателите на познатиот актер не може да се изначудат колку неговиот вонбрачен син личи на татко му.

Необична е таа приказна за блискоста, бидејќи како што самиот Шварценегер раскажа, не знаел дека станува збор за негов син, додека Џозеф не наполнил седум години и почнал да наликува на својот татко, па така Арнолд „ги склопил коцките“.  Џозеф го има добиено со некогашната помошничка на семејството, Пети Баен.


Баен и поранешната сопруга на Шварценегер, Мари Шривер, со која има четири деца, во исто време биле бремени, а целата работа не можела уште долго да се крие. Шривер поднела барање за развод, а следувал и скандал и повлекување од медиумите, но познатиот актер истакнал и посочил дека го сака својот вонбрачен, за кој потајно плаќал алиментација, секако откако дознал дека му е син.


„Најмалку се гордеам со тој чин, кој го растури моето семејство на половина, но ги сакам сите мои деца“ - кажа тој искрено.

Четвртото дете на Шварценегер од бракот со Мари Шивер наводно не е во никаков контакт со Џозеф Баен, но тој со својот наследник со задоволство поминува време, а факт е дека Баен неверојатно многу потсетува на актерот од деновите на неговата младост.





Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: