Крвната група го одредува темпераментот!

Крвната група го одредува темпераментот!

Повеќе од 25 векови, луѓето се заниваат со пронаоѓање на одговори за женскиот темперамент. Ова интересирање е позврзано со очигледните индивидуални разлики помеѓу луѓето. 

Кога станува збор за темпераментот, често се подразбираат низа психолошки карактеристики: длабочињата и стабилноста на емоциите, енергичноста на дејствијата, индивидуалните карактеристики.

Постојат многу пристапи и методи за решавање на ова прашања. Јапонците и Корејците на пример се придржуваат до теоријата која ги поврзува карактеристиките на темпераментот со крвната група на човекот. Во Јапонија и денес, кога се вработуваат нови луѓе, предвид се зема и крвната група.

Која е вашата крвна група? Немојте да се изненадите доколку вашата, подолу наведената карактеристика, се испостави дека е многу прецизна.

Еве каков е темпераментот кај женскиот пол според крвната група:

# Крвна група - 0

Жените со оваа крвна група се егоистични. Во односите со спротивниот пол се многу љубоморни и страствени. Доминантни и силни личности. Овие претставнички на поубавата половина во се ги контролираат своите избраници, па така доколку некој сака да ги изневери, тоа ќе му биде тешко да го изведе.

Овие жени кон мирните и слаби партнери брзо стануваат рамнодушни. Вреди да се напомене дека помеѓу успешните и познати личности доминираат жените со оваа крвна група.

Од својот партнер очекуваат среќа, задоволство и нежност. 

# Крвна група - А

Оваа крвна група ги карактеризира жените кои ги одликува трпение и смиреност. Многу често за нив владее мислењето дека се несебични, дружељубиви и многу дисциплинирани. Пред се, овие жени ја ценат уредноста и комфортот. Секогаш тежнеат кон бесконфликтно решавање на проблемите.

Но, покрај сето ова, носителите на оваа крвна група се многу тврдоглави. Често себе се доживуваат како со потчинување. Во љубовните односи се срамежливи. Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа, поради емотивната и чувствителна природа, своите чувства ќе ги откријат кога ќе бидат сигурни дека нема да бидат изиграни и повредени.

# Крвна група - Б

Овие жени ги одликува флексибилност на карактерот: тие одлично ја поднесуваат осаменоста, но во голем колектив се чувствуваат како риба во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат лидери, но не сакаат и да се потчинети. Но, умеат многу добро да извлечат корист од различни ситуации, чувајќи ја својата независност.

Таквите жени одлично се снаоѓаат во друштво. Сакаат да флертуваат. Не треба да бидете изненадени со фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол.

Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание од својот избраник. Кога станува збор за врска имаат многу побарувања.

# Крвна група - АБ

Претставничките на оваа крвна група - многу се чувствителни и врамнотежени. Многу се тактични, пристојни и чесни. Притоа, овие дами многу тешко носат било какви одлуки. Овие жени често се сакани. Во љубовните односи се многу искрени.

Тие обожаваат мажи со авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека им е дозволено да останат мистични. 


Извор: prva.rs

Можеби ќе ве интересира: