Ксенија Кнежевиќ има ново момче: Ураганката е во врска со познат актер (ФОТО)

Ксенија Кнежевиќ има ново момче: Ураганката е во врска со познат актер (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Иако многумина мислеа дека ќе се омажи за Никола, се чини дека Ксенија Кнежевиќ се одлучи за нова љубовна врска - и тоа каква!

Пејачката Ксенија Кнежевиќ (25), како што пренесуваат тамошните медиуми, ја прекина долгогодишната врска со своето момче Никола и влезе во врска со актерот Павле Менсур!

фото:Damir Dervišagić

Павле Менсур е син на Ирфан Менсур и Срна Ланго, а тој, како и неговите родители, исто така е актер: го гледавме во сериите „Погрешен човек“, „Калкански кругови“ .... 

Ураганката и Павле започнаа романса, пишува „Story“, на изненадување на сите, бидејќи и двајцата неодамна излегоа од долгите емотивни врски.

Како што се наведува, по пет и пол години врска со Никола, кого строго го криеше од јавноста, Ксенија одлучи да раскине, иако планираа свадба и сонуваа за заедничко семејство. Од друга страна, Павле беше во врска две и пол години со неговата колешка Ивана Зешевиќ, која исто така глуми со него во „Калканските кругови“.

Наводно, првата средба помеѓу Павле и Ксенија била одлучувачка, а актерот неодамна присуствувал на нејзиниот настап на фестивалот „Music Week“.

Ксенија и Павле не сакаат да ја споделат својата приватност со другите, па на мал број блиски пријатели им ја открија информацијата дека љубовта тропнала на нивната врата - пишуваат српските медиуми.

Шест години се во врска: Ова е момчето на „Ураганката“ Ксенија Кнежевиќ (ФОТО)

извор:GLOSSY

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: