Куче бездомник молеше за помош: Еден човек го следел и наишол на тажна сцена (ВИДЕО)

Куче бездомник молеше за помош: Еден човек го следел и наишол на тажна сцена (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Видеото во кое се гледа како куче бездомник му приоѓа на еден човек, го моли за помош и го носи до своите гладни кучиња ги растопи срцата на корисниците на социјалните мрежи.

„Кучето дојде до мене како да бара храна и му дадов батак“ - раскажа човекот во видеото кое е објавено на кинеската верзија на ТикТок.

„Тоа беше кучка. Ја зема храната и отрча, а во еден момент се сврте кон мене. Мислев дека на тој начин се обидува да ми каже „фала“, но ми беше чудно што не почна веднаш да јаде, туку тргна некаде со батакот меѓу заби“.

Одлучил да го следи кучето, а глетката на која наишол го довела до солзи. Завршил зад напуштено складиште, каде лежели четири гладни кучиња, пред кои кучката го оставила батакот.

„Плачев. Храната им ја даде на кучињата. На крајот сите кучиња дојдоа до мене за да ми се заблагодарат“ - додаде.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: