Куче еколог со сопственикот собра над 3.500 пластични шишиња од плажа: Го исчистија брегот како од шала
Овој прекрасен териер ја подигнува свеста за важноста на екологијата...
Бостонскиот териер Икура и неговиот сопственик Нобујуки Нија станаа светски позната двојка кога за време на своите прошетки на плажата Куроши почнаа да шират еколошка свест.
Сѐ започнало сосема случајно. За време на една прошетка Нобујуки Нија со себе не ја носел топката која неговото куче ја обожува, па немсто неа фрлил пластично шише.
„Секојдневно му фрлав топка. Во една прилика не ја носев топката со себе, па наместо неа му фрлив пластично шише кое го најдов на плажата. Кучето помисли дека шишето е неговата играчка. Икура ги инспирираше сурферите и сами да почнат да ја чистат плажата. Сега еколошкиот дух се прошири на целиот брег“ - кажа Нобујуки.
Иако проблемот со пластичен отпад што ги исполнува океаните е комплексен и има сериозни последици врз морскиот живот, Нија верува дека луѓето ќе ја подигнат својата свест за загадувањето на животната средина на повисоко ниво.
Како ова куче собира пластични шишиња од плажа, погледнете во видеото во продолжение: