Куче првпат проба појас за спасување: Гестот скоро ја расплака сопственичката
Исто како и на нас луѓето, така во овој период кога е многу топло и животните се апсолутно среќни кога може да се разладат, на пример во базен. Една корисничка на ТикТок е сопственичка на прекрасен женски питбул, по име Перл, и за да го заштити своето милениче, ѝ облече појас за спасување.
Таа одлучи да ѝ помогне да се справи со оваа неподнослива жештина.
Откако ја облече Перл, ја фрли топката директно во базенот. Оваа паметна женка веднаш започна да ги користи предните и задните шепи за пливање.
Во моментот кога веќе беше во близина на работ од базенот, за да покаже колку ужива, Перл се качи на задните шепи и на тој начин ја разнежни својата сопственичка. Потоа многу брзо повторно се упати кон топката.
@mysoulisart Did she just do that? #pearlthepitty #pearlthepittie #foryou #petsoftiktok #pitbull #dogsoftiktok #foryoupage #fy #funny #spoiledrotten #dog #4u
Drive Forever - Remix - Sergio Valentino