Куче се појави во полициска станица: Малку се изгубив
Една вечер во полициската станица во Одеса, Тексас сите беа изненадени кога во станица одеднаш влезе куче. Се дружеше со полицијаците, фаќаше топка, а потоа продолжи по својот пат
„Ова среќно момче влезе во нашата полициска станица. Мислевме дека сакаше да се пријави во единицата К-9. Доби многу љубов и внимание додека не одлучи дека е време да оди. Брзо излезе и иако пробувавме повторно да го најдеме, не успеавме. Ни олесни кога ни се јавија дека среќно се вратил кај сопствениците. Чико кај нас е секогаш добредојден“ - вака го опишаа своето искуство полицајците од Одеса во Тексас, Америка на Фејсбук страницата Support Our Permian Basin Police Officers.
Кога дојде во станицата, Чико прво застанал на шалтерот, како да сакал да се пријави дека се изгубил или пак дека се изгубиле неговите сопственици.
Во станицита сите се воодушевиле од гостимот, па си играле со него и го преплавиле со внимание. Некој пронашол и тениска топка, па му ја фрлил на среќното куче, кое со воодушевување ја фатило.
„Во еден момент, само излезе, ненадејно како што и влезе“ - рече надредникот Мартин, пренесува BoredPanda.
Веќе следното утро, на полицајците им се јавиле сопствениците и кажале дека Чико среќно се вратил во својот дом, кој бил оддалечен на километар од полициската станица.