Куќата од бајката за Ивица и Марица: Недостасуваат шумата и вештерката

Куќата од бајката за Ивица и Марица: Недостасуваат шумата и вештерката

Објавена во: Совети // Семејство

Вистинска куќа од медењаци која на многумина им носи празнична магија...

Дизајнерката Вирџинија Хофман од Солт Лејк Сити, помина стотина часови украсувајќи ја својата куќа и имот, претворајќи ги во куќа од бајките.

Пред неколку години, се сетила на идејата дека нејзиниот дом од црвени цигли, стара скоро еден век, би можел да биде вистинска куќа од медењаци.

„Живеам во кварт во која поголемиот број куќи се изградени во 1920 година, па архитектурата има многу шармантни карактеристики. Ги гледав куќите во соседството и помислив дека сите изгледаат како куќи од медењаци со своите разни линии на покривите и прозорците“ - кажа таа за локалните медиуми.

Ги земала работите во свои раце и почнала да прави украси, бомбони, џиновски гумени капи, огромни колачи од чоколадо и секако медењаци. Многу брзо, домот на Вирџинија се претворил во куќа од бајките.

Декорацијата на куќата е доволно силна за да ја издржи зимата, но и понатаму изгледа како нешто доволно добро за јадење.

Вирџија се инспирирала од бајката за Ивица и Марица, но без шумата од книгата на браќата Грим.

„Најсреќна сум кога ги гледам децата од соседството како доаѓаат. Кога ќе застанат пред куќата и ќе ја погледнат одблизу, тој сјај кој се гледа во нивните очи е едноставно магичен“ - вели таа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: