Кулминација на користољубивоста: Еве зошто Меган и Хари се враќаат во Лондон за Божиќ

Кулминација на користољубивоста: Еве зошто Меган и Хари се враќаат во Лондон за Божиќ

Објавена во: Живот // Живот

Кралицата убаво ќе ги пречека, но планира да им ја отчита лекцијата...

Многу странски медиумите неодамна пишуваа дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл не планираат да се врата во Англија за да ги прослават божиќните празници со кралското семејство, кое не го виделе од март оваа година, кога го напуштија дворецот.

Се пишуваше дека наместо тоа, Божиќ ќе го поминат со своите најдобри пријатели во Лос Анџелес, но изгледа дека поранешната кралска двојак сепак ќе мора да го „подвитка опашката“ и празниците да ги дочека од европската страна на Атланскиот океан и тоа само за да го избегне плаќањето на данок од два милиони долари.

Имено, Хари се уште не стана американски државјанин, а му се наближува 183 ден од престојот во САД, по што е обврзан да плати данок за периодот во кој престојувал во Америка без документи.

„Во неговиот случај би значело дека ќе мора да си го олесни џебот за два милиони долари во корист на државната благајна, а на Хари и Меган очигледно не им се допаѓа тоа“ - кажа извор близок на принцот.

Изворот објасни дека даночната служба нема намера да му „прогледа низ прсти“ на принцот, само затоа што е со кралско потекло и Хари е свесен за тоа.

Поради тоа одлучи со Меган да се врати во неговата поранешна резиденција за време на божиќните празници, а тоа го потврдија и изворите од британскиот дворец, кои пред неколку дека изјавија дека кралицата им наредила на слугите да го подготват Фрогмор за нивното враќање. Кога ќе се вратат од Англија во Америка, престојот на Хари повторно ќе се брои од првиот ден, па така повторно ќе има 183 дена мир без даночни испектори над глава.

Сепак, нема да биде се така прекрасно. Се зборува дека на двојката нема да ѝ биде пријатно соочувањето со кралицата, принцот Вилијам и остатокот од кралското семејство. Наводно, 94 - годишната кралица Елизабета има во план на внукот и снаат да им одржи лекција, поради тоа што во своите последни јавни говори се ангажирале политични и влијаеле на претстојните политички избори во САД, а тоа е нешто што на членовите на кралското семејство им е забрането. Без оглед на тоа што се откажаа од кралските должности, кралицата и дворецот тоа нема да им го простат.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: