Кумот на Лена Брена и Боба има дури 35 деца: Милијардер е, а еве што направи за Србија за време на поплавите

Кумот на Лена Брена и Боба има дури 35 деца: Милијардер е, а еве што направи за Србија за време на поплавите

Објавена во: Живот // Живот

Лепа Брена и Боба Жjивојиновиќ уживаат во хармоничен брак веќе 29 години...

Еден од најомилените брачни парови, свадбата ја направи на 7 декември 1991 година во хотелот Интерконтинентал. Во присуство на над 500 гости, Брена и Боба го кажаа судбоносното „да“.

Она што не го знаат сите е дека кумот на нивната венчавка е најбогатиот човек во светот на спортот.

Поранешниот романски тенисер Џон Цирјак денес има 80 години и богатството за кое сонуваат многумина.

Тој е најбогатиот спортист на сите времиња, чија заработка се проценува на 2 милијарди долари, а воедно е и единствениот поранешен спортист кој стигнал до списокот милијардери, а со тоа е и најбогатиот човек од светот на спортот на сите времиња.

Покрај бизнисот, Цирјак имал и бурен приватен живот. Денес тој живее во Монте Карло со три деца, но самиот вели дека има 32 вонбрачни деца, а се грижи и за 300 напуштени деца, на кои им изградил мал мал приватен рај во Брашов.

Цирјак во Србија е познат и како кум на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ, а во мај 2014 година, за време на страшните поплави што ја погодија оваа земја, донираше 100.000 евра за помош на загрозените.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: