Лажела дека учи на познат факултет: Сиромашната мајка продавала цвеќе за да ѝ ги плати студиите

Лажела дека учи на познат факултет: Сиромашната мајка продавала цвеќе за да ѝ ги плати студиите

Објавена во: Совети // Семејство

Мерве Бозкурт (25) буквално измислила паралелна реалност - сервирајќи и ја на нејзината мајка приказната за студирање медицина на престижниот универзитет во Оксфорд во Велика Британија, а таа всушност работела цело време како агент за недвижнини во Истанбул.

Мерве дури и испратила фотографии на својата мајка во медицинска униформа и со маска на лицето, а оваа измама траела со години. За тоа време, нејзината мајка Ѓулсеран (57) убедена дека на нејзината ќерка и треба финансиска помош, продала цвеќе пред гробиштата во Антиохија за да заработи повеќе пари и и ги испратила нејзе.

Оваа внимателно осмислена измама можеби никогаш немаше да излезе на виделина ако Ѓулсеран, со својата посветеност, не го привлечеше вниманието на локалните медиуми кои сакаа да ја интервјуираат кога излезе информацијата дека продава цвеќе за да плати за школарината на својата ќерка на престижен универзитет.

Но, дури и тогаш, Мерве продолжила со својата измама - позирала со нејзината мајка, изјавила дека ќе стане неврохирург и дека ќе стори се за да и се оддолжи на нејзината мајка.

Со парите што ги заработувам со продажба на цвеќе, ги покривам трошоците за едукација на моите деца. Ако некое лице е со добро здравје, работата е најдоброто нешто што може да го стори. Убаво е кога парите што ги заработувам ги трошам на моите деца. Сакам секоја жена да работи и да застане на свои нозе - рекла тогаш Ѓулсеран Бозкурт, сè уште несвесна за лагите на нејзината ќерка.

Она на што Мерве не сметала е дека целата приказна ќе добие огромен одзив и кога тоа се случи, не требало долго за да се открие тажната вистина. Во коментарите, луѓето тврдеа дека Мерве навистина работи и живее во Истанбул, што ги натера новинарите да го проверат сето тоа.

Се покажа дека „студентката од петта година на Оскфорд“ всушност не била запишана таму и дека работи со недвижнини во Истанбул. Мерве на крајот морала да ја признае вистината.

- Се чувствувам навистина лошо затоа што ја вознемирив мајка ми. Измислив приказна. Ги убедив сите во таа приказна, вклучувајќи се и себе самата - напишала таа по целиот скандал.


Фото: Фејсбук


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: