Легендарна сцена! Дали знаете што употреби Кевин во филмот „Сам дома“ за загревање на кваката?

Легендарна сцена! Дали знаете што употреби Кевин во филмот „Сам дома“ за загревање на кваката?

Објавена во: Stars // Филм

Малкумина знаат

Се сеќавате на сцената од првиот дел од филмската серија „Сам дома“, кога Кевин ја загрева кваката на која Хари си ја гори раката? Ако бевте меѓу гледачите кои, дури и по сите овие години, не ви е јасно со каков предмет Кевин ја загреваше рачката - одговорот доаѓа.

На „Редит“ откриле дека станува збор за електричен апарат за брзо палење на јагленот за скара. Уредот со кој Кевин го загорчи животот на крадецот Хари е дизајниран за брзо загревање на јагленот за скара без да го запали.



Многумина на „Редит“ признаа дека дури и по повеќе години гледање на најпопуларниот Божиќен филм, никогаш не успеале да сфатат како Кевин ја загревал рачката.

„Немав идеја“, „Никогаш не ми падна на памет“, пишуваат многумина.


Фото: Youtube/Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Животната приказна на една од главните актерки од „Сам дома“ е потажна од нејзината улога


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: