Легендарна сцена: Дали знаете за што служи предметот со кој Кевин ја загреа кваката во филмот „Сам дома“?
Малкумина се оние кои знаат...
Се сеќавате ли од сцената од првиот дел од филмот „Сам дома“, кога Кевин ја загрева кваката на која Хари ќе си ја изгори раката? Доколку сте помеѓу гледачите на кои ни по сите овие години не им јасно каков предмет употреби Кевин за да ја загрее квагата - одговорот е тука.
На „Редит“ открија дека станува збор за електричен апарат со кој се пали скарата. Уредот со кој Кевин му го закорчи животот на крадецот Хари е дизајниран за брзо загревање на јагленот за скара, без истиот да се запали.
— babura velika (@BaburaVelika) December 4, 2020
Доколку не сте помеѓу оние кои превртуваа со очи кога го видоа насловот и си помислија: „Па секако, кој не знаеше?“ - не грижете се, многу луѓе не знаеја.
Многумина на „Редит“ признаа дека дури и по толку многу години гледање на најпопуларниот Божиќен филм, никогаш не успеале да сфатат со што Кевин ја загреал кваката.