Легендарно: Погледнете како Северина ја дотера мајка си во нејзините чудни високи потпетици
Северина покажа како ѝ стојат нејзините бушави, волнени чевли на мајка ѝ: „Ана Каренина е подготвена за дружење“ - напиша таа.
Мајката на Северина, чудните високи потпетици ги усогласи со бунда и капа во иста боја, а во комбинацијата додаде и очила за сонце и чанта на која пишува дека е вакцинирана.
Пејачката Северина (49) на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии на кои нејзината мајка Ана позира во чевлите со кои пејачката пред неколку дена покрена модна дилема кај своите следбеници.
Сепак, овојпат следбениците на Северина беа воодушевени од објавата и во своите коментари кажаа дека нејзината мајка убаво е скоцкана.
„Мајка ти е легенда“, пишуваат многумина.
Северина често нагласува колку ја почитува мајка си и тоа го прави преку објави на социјалните мрежи. Така таа неодамна сподели објава каде таа и нејзината мајка позираат прегрнати и напиша емотивен опис. „Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, храброста во нејзиното срце, безбедноста на нејзината поддршка... Нејзиниот став, достоинство. Мајка ми е моето најбезбедно прибежиште“, напиша тогаш таа.
извор:vecenji.hr