Лејди Гага и Ариана Гранде со најмногу номинации, но само една е апсолутна победничка
Иако долго се зборуваше за тоа дали ќе се одржи или пак не доделувањето на МТВ наградите „Video Music Awards“, сепак вчеравечер оваа манифестација беше успешно завршена. Само една пејачка успеа да биде апсолутна победничка, но и да и воодушеви со перформансот кој беше во согласност со безбедностите мерки за заштита од коронавирусот.
Лејди Гага ги освои наградите за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија. Воедно, таа ја освои и т.н Наградата MTV Tricon, за која обожавателите веќе шпекулираат дека од МТВ ја измислиле само за неа, а која се однесува на уметниците кои се успешни на многу полиња, вклучувајќи ја и модата и активизмот.
Но, како и да е со синоќешниот настап го заслужи тоа. Лејди Гага и нејзините танцувачи имаа скоро десетминутен енергичен настап и тоа под маски. Особено интересна беше онаа на пејачката, бидејќи тоа всушност беше ЛЕД маска која правеше илузија дека Гага „ја отвора устата“.
На сцената во еден момент и се придружи и нејзината колешка Ариана Гранде, со која го отпеаа дуетот „Rain on me“, со која имаа еднаков број на номинации (девет).
Лејди Гага за време на целата вечер носеше маски кои беа вклопени со нејзината облека, а пред тоа соопшти дека на доделувањето на наградите ќе се придржува до сите пропишани мерки.
Што се однесува до другите награди, посебно се истакнаа и БТС (награди за најдобар поп, најдобар К-поп, најдобра група и кореографија), Тејлор Свифт (најдобра режија), Дожа Кет (најдобра нова уметничка), Меган Ди Стелион (најдобар хип-хоп) и Blackpink (песна на летото).
МТВ оваа година водеви и две „карантински награди“, кои заминаа кај Ариана Гранде и Џастин Бибер (за најдобро видео снимено од дома за песната „Stuck With U“) и латино бој - бендот CNCo за најдобар перформанс од карантин.