Лејди Гага ја ископира Карлуеша: Се појави со истиот моден додаток поради кој Јелена ја критикуваа пред три години
Лејди Гага ја ископира Јелена Карлеуша, со тоа што се појави со истиот додаток кој балканската ѕвезда го носеше уште пред три години...
Титулата модна икона, Јелена Карлеуша не ја доби толку лесно.
Всушност, балканската пејачка со години добива пофалби не само од водечките креатори, туку од бројни светски ѕвезди, а повеќе пати се уверивме и колку често им е инспирација, кога се модните комбинации во прашање.
Во последно време најчесто ја копира Ким Кардашијан, а познатата старлета дури и своевремено во некои емисисии зборуваше за стилот на Јелена, истакнувајќиколку е поинаква и иновативна.
Сега, Јелена ја ископира уште една голема светска ѕвезда и тоа со додаток поради кој таа се најде на мета на критичарите уште пред три години.
Имено, тогаш Јелена на снимањето на една емисија се појави со интересен моден додаток во вид на нанижани пари кој потсетуваше на пердови кои често ги носат изведувачите на настапите. Под него имаше само необичен топ од латекс и панталони со висок струк.
Тогаш ја обвинија да се расфрла со пари, мислијќи дека на неа носи вистински пари.
„Најстрашниот момент од мојата комбинација е дека полумозоците (а, ги има многу), навистина мислат дека се имам покриено со вистински пари... Каде живеам...“ - напиша тогаш Јелена.
Сега, истото го носеше и Лејди Гага во Лас Вегас, во „tone-down“ комбинација. Со ретло бел фустан со точки и „мачкини“ очила за сонце, ги имаше искомбинирано розовата чанта и секако, модниот додаток како на Јелена.