Лејди Гага: Јас сум среќна и депресивна истовремено

Лејди Гага: Јас сум среќна и депресивна истовремено

Објавена во: Мода // Moj стил

Tаа често зборува за траумата кога била силувана како 19-годишна тинејџерка. Сепак, и покрај тоа, во секоја ситуација, нагласува дека е голем борец и дека сака да биде пример за оние кои минуваат низ истите проблеми. Една од најголемите музички ѕвезди Лејди Гага се бори упорно со депресијата и анксиозноста.

"Се потсетував дека сум Лејди Гага секое утро кога ќе се разбудев. Тоа беше товар, станав депресивна", објасни таа.

Како што вели, таа се плашела да ја напушти куќата, а кога тоа ќе се случело, со часови ќе седела надвор, плачела и пушела. Сепак, таа решила да побара стручна помош, а покрај терапијата, многу и помогнала и музиката, пренесува Пипл.

"За мене, слобода е кога ги посетувам најтемните делови на душата и се потсетувам на многу тешки работи, кои не се забораваат така лесно. Ми недостасуваше чувството да бидам човек - затоа бев среќна и депресивна истовремено", изјави Лејди Гага.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: