Лејди Гага облече венчаница: Како невеста прошета по улиците во Рим
Музичката sвезда беше видена во венчаница во Рим.
Лејди Гага привлекува внимание каде и да се појави.
Пејачката моментално се наоѓа во Италија, а во главниот град на таа земја е видена како шета во венчаница по улиците.
Ако мислевте дека Лејди Гага се омажи, се излажавте.
Имено, пејачката носеше венчаница за потребите на сцена за филмот „House Of Gucci“, кој се базира на приказната за убиството на Маурицио Гучи во Рим во 1995 година.
Лејди Гага ја игра Патриша Реџиана, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, во продукција на режисерот Ридли Скот.
Како што е познато, Реџиана беше осудена за нарачка на убиството на нејзиниот поранешен сопруг.
Погледнете ги фотографиите од Рим:
фото: TANJUG/AP