Лејди Гага плачејќи им се извини на фановите: Морав да го прекинам настапот, беше опасно
-Жалам што не можев да го завршам настапот бидејќи беше премногу опасно, бидејќи молњите беа непредвидливи и се менуваа од момент во момент, објасни пејачката
Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага (36) се расплака откако во саботата го откажа шоуто во Мајами поради опасен дожд и грмотевици.
На видеото кое го објави на Инстаграм, таа низ солзи се извини што го прекина концертот и призна дека нејзините обожаватели се надевале дека ќе настапи на дожд.
- Навистина многу се трудевме да го завршиме настапот вечерва во Мајами, но не успеавме, бидејќи дури и кога дождот некако престана, молњите паѓаа точно во земјата толку блиску до нас - изјави ГаГа.
- Знам дека навистина го носам прекарот „Монстер“, но она што навистина го сакам е да бидам одговорна и сакана, а не знам што би правела ако некому нешто се случи, во публиката или кој било член од мојот тим или мојот бенд или моите танчери – објасни таа.
Таа се извини што не го изведе нејзиниот сингл „Rain on Me“ од 2020 година на дожд, но рече дека прекинот на шоуто среде бура „било здрава одлука“ и дека безбедноста на луѓето сè уште е нејзин прв приоритет.
- Жал ми е што не можев да го завршам настапот бидејќи беше премногу опасен бидејќи молњите беа непредвидливи и се менуваа од момент во момент - вели пејачката во посебно соопштение.
- Со години ме нарекувате „Мајка чудовиште“, но јас во моето срце знаев дека е подобро да ве заштитам. Ви благодарам што верувавте во мене – рече таа.